САД со поддршка за Договорот од Преспа и честитки за грчкото раководство

На средбата во Вашингтон со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос американскиот државен секретар Мајк Помпео истакнал дека САД го поддржуваат историскиот Преспански договор и му честитаат на грчкото раководство за неговото постигнување.
Во соопштението од Стејт Департментот издадено по средбата се вели дека Помпео му честитал на Катругалос за излегувањето на Атина од програмите за финансиска помош и ја повторил поддршката на САД за економско закрепнување на Грција. Двајцата се согласиле дека Вашингтон и Атина ќе продолжат да работат заедно за промовирање стабилност и просперитет на Балканот и во источниот Медитеран.
Помпео ја истакнал важноста на Грција како столб на стабилноста во регионот и го поздравил грчкиот придонес како сојузник во НАТО.
Јоргос Катругалос во Вашингтон престојува по повод одржувањето на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција. На средбата биле разгледани тековните инвестиции во инфраструктурни проекти во Западен Балкан, но се разговарало и за континуираните предизвици со бегалците и имигрантите во Европа, при што САД истакнале дека продолжуваат да пружаат поддршка околу тоа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: