САД ТВРДАТ, А ТЕХEРАН ДЕМАНТИРА ДЕКА ИРАН ИСПОРАЧУВА „КАМИКАЗИ“ ВО МОСКВА: РУСИТЕ НАБАВУВААТ НОВИ ДРОНОВИ

Русија ќе ги засили нападите со беспилотни летала. Како што пишува американскиот дневен весник „Вашингтон пост“, Русија од Иран купила нова серија беспилотни летала „Шахид-136“ и „Мохаџер“, како и балистички ракети „Фатех-110“ и „Золфагар“, кои можат да погодат цели на растојание од 300 до 700 километри. Весникот пишува дека ирански експерти неодамна ги посетиле јужните региони на Русија и ги дале потребните совети како да ги користат нивните беспилотни летала што е можно поефикасно.

САД ТВРДАТ, А ТЕХEРАН ДЕМАНТИРА ДЕКА ИРАН ИСПОРАЧУВА „КАМИКАЗИ“ ВО МОСКВА: РУСИТЕ НАБАВУВААТ НОВИ ДРОНОВИ

Московскиот воен експерт Борис Рожин изјави дека Русија нарачала од Иран нови беспилотни летала „Араш-2“, кои носат повеќе експлозиви од беспилотните летала „Гераниум-2“. Познато е дека Иран има неколку модели на дронови, од камикази до оние кои снимаат и испраќаат информации до центрите на теренот. Не е тајна дека иранските беспилотни летала се поевтини од турските.

Беспилотното летало „араш“ се покажало како ефикасно во гаѓање на непријателските радари и системи за противвоздушна одбрана. Тоа летало без екипаж е направено на база на беспилотните летала „кијан“ кои имале домет од илјада километри. „Араш“ е долг 4,5 метри, а распонот на крилата е 3,5 метри.

Секретарот на Советот за безбедност на Белорусија, Александар Волфович, ги негираше тврдењата во Киев дека иранските беспилотни летала што ги користи руската армија се испраќаат од белоруска територија.

Иран, пак, објави дека не и дал на Русија беспилотни летала за употреба во Украина, нагласувајќи дека веста што се појавила „има политичка позадина и таа кружи на Запад“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.