САД тврдат дека никој не поминал низ Хормуз во 48 часа блокада, Иранци: Поминавме и се упатуваме кон пристаништето Имам Хомеини

Американската војска соопшти дека ниту еден брод не успеал да помине низ блокадата што САД ја воспоставија околу иранските пристаништа во првите 48 часа од нејзиното спроведување.

Централната команда на САД (CENTCOM) изјави дека „ниту еден брод не успеал да ги помине американските сили“, додавајќи дека девет бродови ги следеле нивните инструкции и се вратиле кон иранските пристаништа или брегот.

Од друга страна, иранските државни медиуми изнесуваат различни тврдења. Според агенцијата Фарс, наводно ирански брод поминал низ Ормутскиот теснец и во моментов се движи кон пристаништето Имам Хомеини, и покрај американската блокада.

Според извештаите, податоците од следењето на бродовите покажуваат дека станува збор за товарен брод што превезувал храна и успеал да влезе во Персискиот Залив.

Овие тврдења сè уште не се независно потврдени.

Според достапните информации, се чини дека Соединетите Американски Држави ја спроведуваат блокадата првенствено околу иранските пристаништа, а не директно во самиот Ормутски Проток. Сепак, останува нејасно каде точно започнува и завршува блокадата, што го отежнува уште повеќе проценувањето на ситуацијата на терен.
The post САД тврдат дека никој не поминал низ Хормуз во 48 часа блокада, Иранци: Поминавме и се упатуваме кон пристаништето Имам Хомеини appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: