САД ја ризикуваат безбедноста на Западот со одложување на помошта за Украина, обвинуваат Лондон и Париз






Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и неговиот француски колега Стефан Сежурне повикаа на јакнење на поддршката за Украина.

„Апсолутно ни е јасно дека Украина мора да ја добие оваа војна. Ако Украина изгуби, губиме сите ние. Трошоците од недостигот на поддршка за Украина сега ќе биде далеку поголем од трошоците од одбивањето на (рускиот претседател Владимир) Путин. Светот гледа и ќе не суди ако не успееме, се вели во заеднички текст на Камерон и Сежурне за британскиот „Телеграф“, а по повод одбележувањето на 120-годишнината од сојузот „Срдечна антанта“, со кој двете нации на 8 април 1904 година ги разграничија сферите на интерес во поранешните колонии и ставија крај на вековните војни и непријателства.

За време на неговата посета на САД оваа недела, Камерон планира да го повика американскиот Конгрес да ја зголеми финансиската поддршка, што „може да ја промени ситуацијата“ во Украина, пишува весникот.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: