Сакаа да ограбат баба, но казната веднаш ги стигна: бабата им одржа лекција

Обидот на разбојници во Јужна Африка да украдат автомобил од една баба, доби поинаква насока.
Жената со возилото влегла во својот заграден двор во Хаутенг, по што разбојниците вооружени искористиле прилика да ја нападнат.

Тие се обидоа да ја исплашат, но жената под гас се заби назад во нивниот автомобил.
Крадците се обидоа да побегнат, но таа два пати удри во нив. Бабата на полицајците им рекла дека жали што не удрила посилно во крадците.
Откако беше објавено видеото, луѓето ја оправдаа постапката на бабата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.