Сакала да му раскине, ја нападнал со нож и сакал да ја силува

Вчера во 17 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 2 часот Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.

Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: