Многу често немаме доволно време за своите домашни миленичиња, па затоа кога и да најдеме слободно време, сакаме да го поминеме посветувајќи им внимание на нив. Ги галиме, тормозиме, чешламе, шетаме, а често и спиеме со нив.
Спиењето во исти кревет со својето домашно милениче не е толкав проблем, ако се во прашање мачки и кучиња. Но, што ќе се случи ако на пример заспиете со питон?
Една сопственичка на питон, спиела со своето милениче во кревет, сè додека питонот не почнал чудно да се однесува. Спиела со него цела ноќ и му дозволувала да ѝ поминува по целото тело.
Кога приметила дека нејзината змија одбива храна, се исплашила за нејзиното здравје и отишла кај ветеринар. После прегледот, ветеринарот ѝ соопштил застрашувачка вест. Питонот имал намера да изеде нешто големо – неа!
Африканскиот и тигрест бурмански питон расте и до 7,5 метри, додека останатите воглавно растат до 2 метри. Змиите имаат флексибилни лигаменти на самата вилица, па затоа можат да изедат и огромен плен. Тие не ја џвакаат храната, туку само ја голтаат, пишува “Petface”.
Питоните на почетокот се хранат со ситен плен и животни, но кога ќе пораснат им се отвора апетит, па можат да изедат свиња или слично. Понекогаш се преценуваат, а потврда за тоа ни е случајот кога една змија се распаднала додека проголтувала алигатор, па истражувачите така и ја пронашле.
Минатата година, BBC објавиле вест дека полицијата во Индонезија пронашла питон кој изел возрасен маж, а телото е пронајдено така што е расечена утробата на животното. Се претпоставува дека змијата го изела мажот на семејна плантажа на палмите на островот “Sulavesi”.
Се работело за мрежаст питон, со големина од седум метри, а таквите змии можат да бидат исклучително тешки. Пленот го напаѓаат така што го обвиткуваат и го стегаат сè додека не престане да му работи срцевиот мускул.
Може да се случи некоја коска да ѝ пукне на жртвата, но змиите не им ги кршат коските на луѓето, како што се претпоставува, туку го задушуваат својот плен.
Ова е прв докажан случај дека жртва на змијата бил човек, но, доколку девојката од почетокот на приказнава не му се обратела на ветеринарот во врска со својот питон, можеби и таа ќе се најдеше на насловните страници на светските медиуми.