Родителите на момчето (13) кое на 3-ти мај изврши невиден масакр во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар кога со пиштолот на татко му уби девет негови другари и обезбедувањето на училиштето ДВ поседуваат голем број на имоти кои сега се обиделе да ги продадат за да ја напуштат државата, но тој план пропаднал.
Таткото на момчето, да потсетиме, бил уапсен само неколку часа по делото поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување јавна опасност, бидејќи кобниот ден осомничениот убиец од заклучен сеф одзел два пиштола и муниција, ги ставил во ранец и тргнал на крваво дивеење во своето училиште. Инспекторите на бирото на момчето пронашле список за убивање и целиот план за ликвидација. Осомниченото момче во времето на извршување на делото било на возраст под 14 години, што значи дека според законот не може кривично да одговара за делото што го сторил.
– Таткото на момчето е кривично обвинет, а пред 20-ина дена му е изречена и привремена мерка за обезбедување имотно побарување, па му е забрането да располага со својата недвижност. Тој поседува стан во Белград, автомобил и дел од деловниот простор, додека неговата сопруга, мајката на момчето, поседува неколку имоти – неколку станови на територијата на Белград и гаража – потсетува нашиот соговорник и додава:
– Иако мајката на момчето не одговара кривично за делото што го извршил нејзиниот син, родителите на убиените деца против неа покренале граѓански случај во кој меѓу другото наведуваат дека одговара и за делото што го сторил нејзиниот син. Со тоа решиле и да и забранат да продава неколку станови и гаражи кои се наоѓаат на територијата на Белград.
Имено, нивното барање за привремена конфискација на имот било прифатено од Вишиот суд во Белград, па таа сега може да го користи својот недвижен имот, но не може да го продаде.
Помеѓу другото, оштетените родители наводно му го расипале планот на семејството на осомниченото момче, кое сакало да го распродаде имотот и да побегне во странство. Нивниот план бил мајката која е на слобода да успее да го распродаде имотот, а кога се ќе биде готово и уредено да го повлече одобрението што го дала во психијатриската установа каде што престојува нејзиниот син по масакрот – вели изворот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.