Сакал да се самоубие на автопат: Еве како полицијата и камионџиите му го спасиле животот

Полицијата во американската сојузна држава Мичиген спречи самоубиство од надвозник на автопатот 696 благодарение на солидарноста на локалните камионџии, кои во кооридинација со полицијата се паркирале под надвозникот за да го спречат падот.

Полицијата морала бргу да реагира откако добиле дојава дека човек стои на надвозникот и се заканува со самоубиство. Тие реагирале брзо и повикале група локални камионџии, кои се паркирале под надвозникот, со што значително ја намалиле височината од која би паднал човекот.

Планот вродил со плод, и набргу по постројувањето на камионите, човекот се предомислил и се симнал долу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.