недела, 29 ноември 2026
Најново

Сакал со автомобилот да го истовари чамец во вода во Грција: Поради оваа „ситна“ грешка му смееше цела плажа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

-Еден турист во Кавала во Грција, вчера остана заглавен во морето, во плиткиот дел кога со автомобил влезе во вода како би истоварил чамец.
Наводно, во прашање е државјанин на Бугарија кој за својот автомобил закачил чамец, а кога сакал со него да се повози направил несекојдневен потег. Тој со колата влегол во плиткото и го оставил чамецот во вода, но кога сакал да излезе со колата останал заглавен.


Мокриот и мек песок го направил своето, поради тоа што автомобилот поради својата тежина потонал. Посетителите на плажата на сите начини се обидувале да му помогнат на возачот, а многумина и се прашувале како воопшто овој потег можел да му падне на глава, затоа што исходот бил очигледен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На крајот заглавениот автомобил го извлекол трактор, кој бил пратен на плажата, па се добро се завршило. Сепак фотографиите од оваа случка се проширија низа социјалните мрежи.
-Да не сакал со автомобилот до дома, да ги избегне границите. Преку море, е само еден од коментарите кои биле дадени на социјалните мрежи.

Поврзани вести