Сакате да го изгубите салото околу стомакот? Еве што треба да појадувате!

Од најмлади до најстари, сите знаат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа, дури и да сте на диета, не го прескокнувајте. Потребно е само да ги изберете вистинските состојки.
Јајцата се една од состојките кои ви се потребни за да го отстраните салото од струкот.

Преполни се со протеини!
Појадокот треба да биде оброк полн со протеини за да бидете сити до ручекот. Многу стручњаци сметаат дека преку првиот оброк во денот треба да внесеме најмалку 20g протеини, а добрата вест е што едно јајце содржи 6g.


Практичен избор.
Кога сте гладни и имате потреба за нешто да грицнете, каснете едно тврдо варено јајце. Брзо ќе го подготвите, а е нискокалорична ужина која сигурно ќе ве држи сити до следниот оброк.
Препорачуваме: Едно тврдо варено јајце (78 калории) и јаболка (80 калории). Оваа комбинација ќе ве држи подалеку од фрижидерот и нездравите грицки до ручек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.