Количеството храна што ќе го изедеме многу повеќе, одошто сме свесни, зависи од другите.
Најдобар пример за тоа е едно истражување во кое биле собрани стотина двојки – пријатели. Нивна задача било да гледаат ТВ, а биле послужени со мини-пици. Кога подоцна ги прашале испитаниците што ги натерало да изедат одредено количество храна, резултатите биле: гладот (52%), гледањето ТВ-програма (26%), вкусот на храната (19%) и заситеноста (12%). Само 2,5% испитаници кажале дека причината била друштвото.
Сепак во реалноста влијанието на другите луѓе е посилно од многу други фактори.