недела, 29 ноември 2026
Најново

Сакате долг живот? Овие три навики можат да ви помогнат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако генетиката може да игра улога во долговечноста, постојат и фактори на животниот стил што треба да се земат предвид ако сакате да го продолжите животниот век.

Терминот „супер-стар“ се однесува на постари лица кои имаат исклучителни когнитивни и физички способности, како и карактеристики на однесувањето, во споредба со нивните врсници на иста возраст.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во текот на својата кариера, д-р Ејми Шах  запознала многу „суперстари луѓе“, вклучувајќи ги и своите родители. Затоа решила да го сподели своето знаење со сите што сакаат да живеат долг и здрав живот.

Тајната на долговечноста

Одржувајте ги социјалните врски.

Учеството во разговори и друштвени собири има позитивен ефект врз меморијата, фокусот, комуникацијата и способноста за решавање проблеми. Така, мозокот останува активен и прилагодлив.

Социјалната средина ни обезбедува нови идеи, ставови и знаења, што дополнително ги подобрува когнитивните способности.

Останете физички активни.

Физичката активност, особено кардио вежбите, покажаа дека го зголемуваат хипокампусот – клучен дел од мозокот за меморијата – и го забавуваат стареењето на мозокот.

Вежбањето го подобрува протокот на крв во мозокот, го стимулира создавањето на нови мозочни клетки, придонесува за психолошка благосостојба и помага во одржувањето на рутина.

Докторот препорачува три едноставни вежби што можат да се прават секојдневно: спуштање на подот и повторно станување, балансирање на една нога и изведување длабок чучњев.

Стимулирајте го вашиот ум.

Менталниот тренинг ги подобрува когнитивните способности, го одложува нивното опаѓање, го поттикнува континуираното учење и придонесува за емоционална благосостојба.

За да го одржите мозокот активен, важно е да се вклучите во различни ментални активности и предизвици.

Поврзани вести