Салиу до Тошковски: АПСОЛУТНО СЀ Е КАКО ДО СЕГА! Не го потценувајте народот

*Објава на Фејсбук на новинарот Фуркан Салиу:

Навистина не можам да не се изначудам на секојдневните изјави на Тошковски. Не било „како досега“, одговорноста немала партиска боја итн. Колкава самодоверба и храброст треба да имаш во себе за да вака зборуваш во ситуација кога апсолутно сè е како досега, само што сега е додадена црвената нијанса наместо сината која доминираше неколку години.

– Се апси обезбедувањето на премиерот, осомничено дека оддавало информации на криминална банда. Како дојде до тие информации лице кое треба да е вработено во Шестата управа? Знаеме дека обезбедувањето нема пристап до информации за тековни акции или истраги. Зошто никој друг не е уапсен? Или можеби првиот е „превентивно“ тргнат за да не почне да зборува?

– Шеесетина притворени за Кочани, но во актуелната владејачка структура нема ниту еден осомничен — затоа што, наводно, партиската боја не е битна?

Сè е „како досега“. Нула одговорност кај сините за модуларната болница во Тетово, Бугарија и Ласкарци. Нула одговорност кај црвените за Кочани.

Би сакал да дојде денот кога зборовите на Тошковски ќе станат реалност, но дотогаш — барем нека не го потценуваат разумот на народот. Затоа што е јасно: сè е КАКО ДОСЕГА.

Пронајдете не на следниве мрежи: