Салма Хаек го следеше натпреварот на Вимблдон, а поради гордото прикажување на нејзината седа коса, нејзините фотографии набрзо привлекоа внимание и и донесоа бројни пофалби.Имено, штом на интернет се појавија фотографии од оскаровката (57), нејзините обожаватели ја преплавија со комплименти и пофалби за грациозното носење на седата коса.Салма седна во кралската кутија придружувана од нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино и на Инстаграм покажа фотографии од овој настан.Salma Hayek Reminds Us That Embracing Your Greys Couldn’t Be Chicer https://t.co/KUMDPCZsMC— British Vogue (@BritishVogue) July 9, 2024Како што може да се забележи, нејзината темно кафеава коса е испреплетена со неколку сиви прамени, а мексиканско-американската актерка не сакала да ги сокрие. За нејзиното грациозно носење сива коса пишува и магазинот Vogue, наведувајќи дека потсетува како „прифаќањето на седата коса не може да биде поубаво“.Истото го почувствуваа и нејзините обожаватели кои напишаа: „Сакам што изгледаат сиви“, „Ја сакам нејзината седа коса“, „Седата коса ја прави уште подобра“. View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)За Вимблдон Хајек избра комбинација на темно сина јакна и панталони и сино-бела кошула со пруги. Изгледот го комплетираше со едноставна шминка и златни парчиња накит.Актерката не е единствената што одлучила да ја „прегрне“ својата седа коса – нејзините колешки како Сара Џесика Паркер и Енди Мекдауел исто така избираат да ги носат нивните природни сиви прамени.
Пронајдете не на следниве мрежи: