Самка Ибраимовски им нуди вработување на Ромите во Германија, на Фејсбук

Пратеникот од ПЦЕР во македонското Собрание на своите избирачи им наоѓа работа во Германија. На својот Фејсбук профил тој ги повикува сите ѕидари, тесари, градежни работници да го контактираат на мобилниот телефон за работа во Германија. Додека не се вмеша во политиката и тој и целото негово пошироко семејство се презиваа Ибраими, па зошто тогаш би му пречело што Р. Македонија ќе го смени името. И тој го смени и што му фали?
Коментарите на социјалните мрежи се движат во насока дека претставникот на Ромите во македонскиот Парламент е Агенција за вработување или за странски инвестиции.
-Дојде “Живот и за Ромите – ама во Германија. Се прашувам дали е Самка Биро за вработување или Агенција за странски инвестиции“?, се вели во еден коментар.
-А бре што дочека народот, дојде живот за Ромите во Германија. Самка, Биро за вработување, ама во Германија, напиша друг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.