Самохраните мајки имаат срце од злато, не го искористувајте тоа

амохраните мајки се едни од најхрабрите и најдобрите личности што постојат на овој свет. Тие се свесни за својата борба, но никогаш не дозволуваат да се предадат. Нивното срце е срце од злато.
Ако немате доволно пари, тие ќе ви помогнат бидејќи знаат како е да немате пари и како да сврзете крај со крај. Ако ви треба бејбиситерка, тие секогаш ќе ви се најдат, бидејќи знаат колку ќе ви значи тоа. Ако ви е потребен некој за поддршка и муабет, тие секогаш ќе бидат тука за вас.
Таа никогаш не сака некој да се чувствува лошо, како што таа некогаш се чувствувала или се чувствува. Но, знајте дека таа има свои граници и не ги преминувајте.


Таа ќе направи сè за вас, бидејќи во животот научила многу нешта. Научила како да биде жена и маж, како да биде столбот на семејството, како да мисли за своите деца и да направи сè што е потребно за нив. Оваа жена е логичар, оваа жена знае да ги направи сите работи за сите, да мисли за повеќе луѓе истовремено, да ги насмее другите и тогаш кога нема причина да се смее самата. Оваа жена е вистинска лавица.
Ако ја навредите, немојте да мислите дека таа ќе седи и само ќе дозволи да го направите тоа. Нејзиниот живот е доволно тежок и не дозволувајте да ја повредите. Побарајте ја сета помош што планирајте да ја побарате од неа, но не ја повредувајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.