Само ако човек со ваков опис ви влезе дома по Нова Година ќе имате среќа…

Постојат разни новогодишни верувања, па покрај црвените парчиња од гардеробата, за кои сите знаат, важно е кој прв ви влегува во домот по Нова година.
Се верува дека тоа треба да биде висок и згоден маж кој не доаѓа со празни раце.
Она што е уште поважно, е да не изнесувате ништо од домот бидејќи тоа претставува лоша среќа.
Бидете внимателни и немојте ништо да скршите во домот, немој да работите никакви домашни работи, особено да перете алишта, бидејќи со тоа ја перете среќата.


Јадете леќа која се смета за среќна храна, затоа што има иста форма како и паричките.
Новата година означува нов почеток, па затоа во многу земји постојат верувања дека ако направите одредени работи оваа ноќ, ќе може да влијаете на судбината во текот на наредната година.
Едно такво верување е да ставите 12 ливчиња со 12 желби испишани на секое од нив под перницата. Наредното утро извадете три ливчиња, се верува дека оние желби кои ќе ги извлечете ќе ви се исполнат во текот на годината.
Друго новогодишно верување е да ставите 4 карти со ликот на крал под перницата и да преспиете. Наредното утро извлечете една карта, ако извлечете крал лист, тоа значи дека вашиот избраник ќе биде постар.
Ако е крал детелина, тоа значи дека ќе има брак зад себе. Ако е крал срце означува некој помлад од вас , а а ко пак е крал баклава тогаш тоа ќе биде некој што го познавате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.