Некои истражувања докажуваат дека канцерот, дијабетесот и срцевите заболувања можат да се спречат со регулирање на режимот на исхрана и вметнување на јајца во редовното мени.
Многу луѓе избегнуваат јајца од страв од салмонела или холестерол, но јајцата се богати со витамин Д, минерали и бета-каротен, па затоа се одличен лек против воспалителни процеси во организмот и ја спречуваат штетата што слободните радикали можат да ја создадат реагирајќи со клетките во телото.
Експертите истакнуваат дека најздраво е да се јадат тврдо сварени јајца, бидејќи имаат најмалку калории.
Исто така, се препорачува јајцата да се подготвуваат на тивок оган. Експертите се согласуваат дека е важно добро да бидат сварени јајцата за да го избегнете ризикот да заболите од салмонела. Исто така, советуваат при подготовка да се користи растително масло, на пример кокосово.