„Само Вистина“ со Филип Петровски и Петар Колев – Македонија меѓу пандемијата и изборите

Дебата за пандемијата на КОРОНАВИРУСОТ и состојбата на нацијата која што е нарушена од карантинот кој што трае повеќе од 2 месеци.
Апсолутната моќ – апсолутно корумпира рече Петровски и побара уште една целосна амнестија за тие што го прекршиле полицискиот час. Дури и во време турско по Илинденското востание имало општа амнестија за востаниците. По таа аналогија да се даде општа амнестија за сите што го прекршиле полицискиот час.
Што е новото нормално? Можеби никогаш нема да помине опасноста од корона вирусот нагласи Петровски и побара да се одржат изборите што поското. Ако сум со вас во студиото, на ист начин можам да гласам и да бидам безбеден. Се да се дезинфицира и сите да бидат безбедни. Измислија како да отидеме на месечината а не можеме да организираме избори. После се, во јуни ќе се одржат избори во 20 држави. Зошто да не и во Македонија – рече Петровски
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.