Само во Лондон: Минијатурен стан со ширина од 4 метри и цена од милион долари

Без оглед на пандемијата која владее во цел свет, пазарот на недвижности во Лондон судејќи по сè цвета.
Доказ за тоа е и овој имот кој е широк само 3,96 метри, а сместен во една од најдолгите градби во Лондон и популарен е поради навистина очигледна причина.


Без оглед на својот „слим“ ентериер, овој дом во себе има две спални соби и два тоалети, додека пак секоја просторија има и прозорци при што главната спална соба е најголема.
Малечкиот дом се протега на површина од 58 метри квадратни и поседува чисто бели ѕидови, тоалети во спа стил, паметно вградени елементи и кујна со црно-бели плочки. Главниот простор е свртен кон југ што значи дека таму може да се ужива во максималната количина на светлина.
Исто така овој дом содржи и приватна тераса која е доволна за да се сместат столици за седење и неколку растенија.


Како што велат агентите за недвижности кои работат на продажбата на овој дом, неговите сопственици ќе добијат и можност да живеат во познатата локална туристичка атракција по цена од само милион долари. Дали е тоа позитивно или не, одлучете сами.
Покрај тоа, може да кажеме дека овој дом во оригинал бил уметничко студио кое преживеало рушење на останатите градби во околината на подземната железница кон крајот на 19-от век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.