Калум Греј на ТикТок споделил видео во кое тој покажува трик кој многу често го применува – со помош на лук ги одвојува жолчките и белките за секунда.
Имено, на масата пред него имало парче излупен лук, сад во кој било скршено јајце и празна шолја.
Прво прстите ги протрил во лукот, а потоа лесно го ‘штипнал’ врвот на жолчката и ја префрлил во шолја.
@callumgray0#fyp
Неговото видео собрало повеќе од 1,7 милиони лајкови и 17.000 коментари.
„ТикТок навистина ме учи повеќе од училиштето“, „Мислам дека ова се случува поради тоа што лукот е леплив“, биле некои од коментарите.