Само еден клуб од Серија А не напиша порака за Синиша Михајловиќ

Од 20 клубови во Серија А, 19 напишаа пораки со сочуство за Синиша Михајловиќ на социјалните мрежи, Јувентус е единствениот кој не го направи тоа.

Фудбалскиот свет тагува откако синоќа пристигна информација дека Синиша Михајловиќ ја загубил битката со тешката болест.

 

По веста за смртта на српската фудбалска легенда, ривалството беше ставено во втор план и пристигнуваа пораки од сите страни, од Серија А единстввен кој не го направи тоа, беше Јувентус.

 

Јувентус на својот твитер профил само ре-твитна еден твит на нивниот поранешен претседател Андреа Ањели.

 

Ваквото однесување на Јувентус наиде на критики во италијанската јавност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.