Само една е мајка – и таа штрајкува!

Една мајка реши дека ѝ е дојдено преку глава од тоа само таа да се грижи за редот и хигиената во домот, па реши да стапи во штрајк.
Штрајкот подразбира дека веќе не чисти по дома, не готви и не обавува други домаќински работи додека и другите не се фатат за работа, а реакциите на домашните ги објавува на социјалните мрежи.
„Пред два дена решив да престанам да мијам садови. Само јас готвам и ми дојде преку глава и да чистам. За кратко време се појави куп валкани садови и наскоро нема да имаме чисти шолји, чаши и чинии. Кој ќе се фати прв за работа? Јас сигурно нема“, објави жената која на Twitter се потпишува како Miss Potkin.
Од ден на ден, таа продолжи да објавува како се одвиваат работите во нивниот дом.
„Некој зеде детско лажиче за да подготви чај“, ги информира таа нејзините следбеници.
„Некој ја наполни со садови машината за миење садови, но не ја вклучи“, гласи друга објава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.