Само една крвна група е „магнет“ за комарци: Која најмалку страда?

Граѓаните изминатиов период најчесто преку социјалните мрежи апелираа за инвазијата на комарци во Скопје. Главниот град по реакциите на граѓаните за комарците, во консултација со здравствени служби донесе одлука за вонредно прскање против комарци, кое ќе се спроведе во вторник.
Скопјани преку Интернет се жалат за наездата на Комарци, но која крвна група е „најслатка“ за комарците?
Во која крвна група сте вие?
Во секое друштво, постои личност која е попривлечна за комарците, додека има и такви кои комарците ги избегнуваат.


За што точно станува збор?
Имено, како што тврдат од Универзитетот во Флорида, еден од водечките фактори е вашата крвна група.
За комарците, вашата крвна група е најважна, но не и за мажјаците комарци. Женските комарци зависат исклучиво од протеини од човечка крв, а некои им сè и „повкусни“ од другите.
Така, истражувањето докажало дека луѓето со нулта крвна група се двојно попривлечни од оние со крвна група А.
Додека луѓето со крвна група Б се наоѓале во златна средина.
Исто така, дури 85 проценти од луѓето произведуваат секрет што ја сигнализира нивната крвна група на комарците, поради што тие повеќе ги привлекуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.