Само луксузно – Eве колку ја чинеше Лепа Брена одморот од 77 дена

Лепа Брена и семејството наводо потропиле пола милион евра за летувањето кое траело 77 дена. Српската ѕвезда заедно со сопругот Боба Живојиновиќ, синот Филип, снаата Алексадра и внукот Александар, синот Виктор и девојката, одмораа пловејќи по Медитеранот, а ги посетија Франција, Италија, Монако, Хрватска и Црна Гора.
-Само летот со приватен авион Белград – Ница кошта 8.000 евра. Во Монако имаат луксузен стан и не мораа да плаќат за смештај. Децата им се придружија подоцна, и двата пристигнаа со различни летови, а цената е таа. Излегуваа во најелитните ресторани, со скапи вина, специјалитети.

За една вечер знаеја да потрошат и по 5.000 евра, раскажува извор близок до семејството за „Информер“.
Бидејќи нивната јахта во еден момент ја оставиле во Црна Гора, според соговорникот најмногу пари потрошиле на изнајмувањето на јахтата „Салоренцо“.
-Платија околу 240 илјади евра за неа, а бидејќи ангажираа и скипер, одвоија по 2.500 евра за неговата месечна плата. Само паркингот за пловилото во Монако кошта 1.000 евра дневно, додека во Хрватска и Црна Гора цените се околу 200 евра на ден, вели тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.