Некогашниот супермодел, Кристи Бринкли се појавила на еден настан во Њујорк и освен присутните, таа ги воодушевила сите жени ширум светот.
Кристи за таа прилика одлучила да облече предизвикувачка мини тоалета со долги ракави. Иако има 64 години, оваа жена и понатаму може да облекува мини здолништа, а притоа да не изгледа одвратно, туку напротив, многу провокативно.
Со оглед на нејзиниот изглед, кој би рекол дека оваа некогашна манекенка има три деца. Од бракот со музичарот Били Џоел ја има ќерката Алекси, која е пејачка и текстописец, а од бракот со архитектот Питер Халсеј Кук ја добила ќерката Сејлор, која на 15 години почнала да се занимава со манекенство.
Кристи го има и синот Џек Парис Таубман, кој го добила додека била во брак со Ричард Таубман.
Кристи никогаш не била поборник за диети, но од својата 13-та година е вегетаријанка и можеби токму тоа е клучот за нејзиниот совршен изглед.