Само 20 бадеми дневно можат да направат неверојатни работи за вашето тело

Бадемите, и генерално јаткастите плодови, се здрави, но и богати со калории. Токму затоа препорачаната доза изнесува не повеќе од 20 бадеми дневно.
Бадемите (како и другите јаткасти плодови) се одличен извор на здрави масти. Генерално се полни со протеини и помагаат во градењето на мускулите, а исто така обезбедуваат дополнителна енергија.
Но, бадемите обезбедуваат и многу повеќе. Зошто само 20 бадеми? 20 бадеми содржат околу 163 калории, што е прифатливо за една закуска. Покрај тоа, содржат и 12 грама претежно незаситени масти, 3 грама влакна и помалку од еден грам шеќер.
Еве што да очекувате ако јадете 20 бадеми дневно:


Ќе имате подобро варење на храната
Оваа количина на бадеми е одлична за дигестивниот тракт. Не само што ја подобрува цревната микрофлора, туку и го зголемува бројот на добрите бактерии. Исто така, го намалува и бројот на лошите бактерии кои се поврзани со голем број на проблеми, како што се дијабетес тип 2, срцеви заболувања, ментални проблеми, астма, проблеми со кожата…
Подолго време ќе бидете сити
Кога ќе добиете желба за благо земете неколку бадеми. Ова ќе ве засити, а во исто време и ќе ве спречи да се прејадете. До ситоста доаѓа од протеините, влакната и мастите кои изобилуваат во бадемите. Експертите велат дека треба да ги џвакате подолго време наместо да ги јадете во секунда.
Ќе ја задоволи дневната потреба од рибофлавин и витамин Е
Рибофлавинот е важна хранлива состојка која помага во спречување на многу здравствени проблеми, вклучувајќи мигрена, акни, мускулни грчеви, рак на грлото на матката и др. Доколку јадете 20 бадеми ќе внесете околу 1/5 од препорачаната дневна доза.


Остатокот можете да го добиете од јајца, банана, авокадо, млеко и спанаќ. Витаминот Е е антиоксидант кој може да го подобри здравјето на срцето, кожата и косата.
Ќе го забрза метаболизмот
Бадемите, исто така, содржат мали количини на витамин Б-комплекс, кој го стимулира метаболизмот. Ова резултира со забрзано согорување на мастите, особено околу стомакот.
Ќе имате посилни коски
Оваа количина на бадеми исполнува околу 20 проценти од вашата дневна потреба за магнезиум и фосфор, кои се клучни за густината на коскената маса.


Ќе го подобрите здравјето на срцето
Бадемите помагаат при намалување на лошиот холестерол, кој може да предизвика акумулација на плак во крвните садови. Јаткастите плодови генерално можат да го намалат ризикот од згрутчување на крвта, што може да предизвика фатален срцев удар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.