Само 327 Бугари од Македонија гласале за изборите во Бугарија

Само 327 македонски граѓани кои се декларираат како Бугари го искористиле своето право на глас за парламентарните избори кај источниот сосед, пренесуваат медиумите во Софија.И досега интресот за гласање беше слаб, но ова е рекордно ниска излезност кај граѓаните на Македонија кои поседуваат бугарски пасош.

Иако околу 100.000 Македонци поседуваат бугарски пасош само 3.500 на последниот попис се декларираа како Бугари.

Но, тоа не ги спречува властите да бараат промена на Уставот и влез на бугарското малцинство како услов Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: