Само 45 странски туристи го посетиле Бали во 2021 година наспроти шест милиони пред пандемијата

Популарните дестинации мораа да се справат со значителен пад на туристи во контекст на пандемијата на коронавирус. Сепак, малкумина од нив беа потешко погодени од Бали – индонезискиот остров, миленик на милиони луѓе ширум светот, јави Си-Ен-Ен.
Поради строгите мерки за гранична контрола и затворениот аеродром, во 2021 година Бали прими само 45 странски посетители. За споредба, во 2019 година тие беа 6,2 милиони, а во 2020 година – 1,05 милиони.
„Ова е најмалиот број странски туристички посети што некогаш сме ги регистрирале“, изјави за Си-Ен-Ен Ниоман Геде Гунадика, шеф на одделот за туризам во провинцијата Бали.
Двоцифрениот број е за периодот помеѓу јануари и октомври 2021 година. Бидејќи аеродромот на островот беше затворен за меѓународни летови речиси цела година, овие туристи доаѓаа главно со приватни јахти. Иако аеродромот официјално беше отворен за меѓународни летови на 14 октомври, досега се реализираа само домашни летови, најмногу од главниот град на Индонезија, Џакарта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.