Самсунг го најави новиот “Galaxy A7”: Тројна камера и одличен дизајн…

На 23.09.2018 година во 14,45 часот било пријавено дека на влез во Скопје, после патарина „Петровец“ избувнал пожар во кој била опожарена сува трева. Самсунг го најави новиот “Galaxy A7”, телефон кој што доаѓа со моќна – тројна задна камера, нов дизајн и бројни иновации.


„Самсунг интензивно работи на тоа на корисниците да им пружи бројни иновации. Поради тоа, многу сме возбудени што можеме да ги претставиме иновациите кои што се наоѓаат кај новиот “Galaxy A7”, практичен и моќен уред кој е изработен на корисниците животот да им го направи извондреден“, изјави Диџеј Кох, првиот човек на мобилниот оддел при Самсунг.
Секако, кај новиот “Galaxy A7” најмногу ќе се истакнува тројната камера, од кои едната ќе има 120 степени Ultra Wide Lens, додека другата ќе биде од 24 мегапиксели со Live Focus која ќе им овозможи на корисниците сами да управуваат со ефектот на заматување и да направат фантастични фотографии.


Задните камери исто така ќе бидат опремени со Scene Optimizer технологијата на Самсунг која кај камерата ја прилагодува бојата, контрастот и светлината, со цел веднаш да го оптимизира квалитетот на фотографијата.
Телефонот ќе биде опремен со 6.0-инчен AMOLED Infinity Display, а новиот “Galaxy A7” ќе поддржува и Dolby Atmos технологија за звук.
“Galaxy A7” пристигнува со премиум „стаклен“ дизајн, сензор за отпечатоци на прсти на задната страна, а ќе биде достапен во четири бои – сина, црна, златна и розова боја, а секако, ќе ги добие и Bixby, Samsung Pay и Samsung Health.
“Galaxy A7” ќе пристигне на европскиот и азискиот пазар оваа есен, а ќе се продава по цена од околу 20 илјади денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.