Оваа година Сениорската Кендо Репрезентација ќе конкурира за најдобар екипен резултат во 2023.
На Европското Првенство во Париз во конкуренција од 40 држави се постигна историскиот успех во екипна конкуренција освојувајќи го 5тото место. Репрезентативците загубија од Европскиот првак Франција во четврт финале.
- Внимавајте: Не ги правете овие грешки кога ја сушите косата со фен
- Испливаа документи за крај на војната во Украина: Едниот е американски предлог, а другиот од Европската Унија и Киев! Разликата меѓу нив е голема! Сите карти се на маса
- Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денес?
- Дали знаете ШТО СЕ СЛУЧУВА со вашето тело ако испиете кафе ВЕДНАШ по будењето? НЕМА да ви се допадне одговорот
- Протестен марш на семејствата на загинатите денеска во Кочани
Како Претседател на Кендо Федерацијата на Македонија го пишувам овој пост јавно кон институциите кои мора да го земат во предвид при нивните избори за најдобар екипен резултат во 2023 година, до толку повеќе што Федерацијата не е поддржана од државата од 2019 година бидејќи не ѐ сменет Статутот на Федерацијата.
Кендоките се Самураи и никогаш нема да си ја напуштат каузата. Нема да газат на сопствениот збор, нема да си ја продадат душата за ситни парички и секако не е најважно дали те сакаат или, треба да те почитуваат.
Токму тоа го остваривме во овој краток период на постоење. Не поддржани, констатно имаме резултати од пионерска до сениорска конкуренција, го организиравме најмасовното Европско првенство за Сениори во историјата, први надвор од ЕУ, оваа година како шлаг, најдобриот сениорски екипен резултат.
Имајќи ги во предвид превирањата, меѓучовечките односи и изворот на омраза во некои федерации блиску врзани со БУШИДО, благодарен сум на нашата мала и силна заедница, моќна федерација со резултати, единство и патриотизам во своите редови. – ПИШУВА ЗЛАТКО КЕСКО ВО НЕГОВА ФЕЈСБУК ОБЈАВА!
Пронајдете не на следниве мрежи: