Сандра Африка тврди дека баба ѝ ѝ обезбедила јахта! За изјавата на пејачката долго ќе се зборува

Пред неколку години, пејачката Сандра Африка беше првата нападната и предмет на голема истрага за затајување данок, бидејќи се движеше со прескапи автомобили, се фалеше со луксузен замок и јахта.

Потоа даночната управа ја ,,прочешла” пејачката за да го утврди потеклото на имотот, како и дали за него се плаќаат даноци.

Познатата изјава на Сандра Африка дека јахтата со која се пофалила и’ ја купила баба и’, како автомобил Мерцедес и стан во Монте Карло.

Имено, додека медиумите беа преполни со наслови и написи за нејзината јахта, како и од каде ги добила парите да ја купи, Сандра рекла дека луксузниот брод го добила на подарок од баба и’. Во една прилика Сандра тогаш изјавила дека јахтата е на продажба и дека планира да додаде уште за да купи нова.

Откако многумина прашаа од каде бабата пензионерка пари за скапи работи, пејачката реши да објасни.

– Моите баба и дедо се 40 години во Германија. Таму живеат, таму работат. Тоа се родителите на мама и самиот брат на мама. Сите се таму, па не гледам проблем бидејќи реков дека баба ми купила автомобил и оставила стан во Монте Карло – изјави Сандра Африка во емисијата „Ексклузив“ на Првата српска телевизија.

И, конечно, после сè, дојде време Сандра да ја претстави својата баба, а по некое време на Инстаграм објави фотографија која е направена додека пејачката била на гости кај баба и’ и дедо и’ во Германија, а неодамна се пишувало и за нејзиното бебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.