Сандра Булок за животот по 60-тиот роденден: Непотребно стравуваме, чувството е прекрасно

Сандра Булок се вклучи во емисијата на својата врсничка Хода Кот и проговори за преминувањето на прагот на 60-та година од животот.Таа раскажува како морала „да се искачи на таа планина“, за пореално да го погледне теренот за да види каде би е вклопила и самата таа, но и нејзината соговорничка, која исто така влегла во седмото десетлетие од својот живот.– И чудно е, затоа што, изгледа, ние луѓето сакаме да се плашиме од како ќе стигнеме таму. А, тука е прилично прекрасно. Како заработувате за живот и како треба да се прилагодувате на секој ден, како се справувате со вашата човечност, па дури и кога од другата страна не доаѓа такво нешто… Какви сте со оние за кои се грижите и како ги чувате безбедни, и кои сте вие ​​како човечко суштество? Сите се прилично среќни што те имаат, особено твоите деца, изјави Булок.Таа го заврши видеото со лична порака за Кот.– Среќен роденден моја слатка пријателке. Ти благодарам што ми дозволи да бидам во твојот круг (на пријатели, з.п.). Се чувствувам многу благодарна. И убаво е што твојот праг е овде горе (висок, з.п.), за да може да се гледаме една со друга. Прекрасно е, и ми требаш тука горе. Среќен роденден!, истакна глумицата.Булок го прослави својот 60. роденден во јули, една година откако нејзиниот партнер Брајан Рандал почина на 57 години. Според западните медиуми таа болно ја доживеала таа загуба, но добро се справува со сѐ тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.