Санкциониран скопјанецот што возеше во спротивна насока во Ѓорче Петров

Полициски службеници од Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје презедоа мерки и активности и денеска (29.05) го пронајдоа и санкционираа лицето кое со своето возило возеше во спротивна насока во скопската населба Ѓорче Петров и потоа објави видео снимка на социјалната мрежа „тик ток“. Лицето е идентификувано – С.С. (22) од Скопје и против него се преземени соодветни мерки и покрај соодветната санкција според Законот за безбедност во сообраќајот за возењето во спротивен правец, С.С. е санкциониран и за управување возило без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи продолжува со санкционирањето на несовесните граѓани, кои со непочитувањето на сообраќајните правила и прописи ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.