Српската пејачка Сара Јо на Инстаграм со своите следбеници сподели неколку видеа од нејзините колеги Андреј и Панчо од групата ДНК. Таа изрази длабока тага заради жалните случувања, пишувајќи: „Како да се справиме со толкава болка? Со тежина која ја чувствуваме во градите? Со ваква празнина што не зафати со својата сила? Како да се помириме со неправдата? Како да ја разбереме и прифатиме суровата реалност? Додаде дека нејзиното срце е како скршено на илјада делови.“
Таа потоа објави и видео од Панчо, во кое тој се идентификува како „лошо момче“ засекогаш, фраза која ја има истетовирано. Сара Јо додаде: „Ти, наш драги Панчо, знам дека се бориш како вистински лав, на свој уникатен начин… Си ти нашето „лошо момче засекогаш“. Не минува момент без да помислиме на тебе. Со тебе сме со цело срце и душа.“
The post Сара Јо: Како да се справиме со тагата? appeared first on 365.mk.