Саркастично ветување за брзо решение на конфликтот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите коментари за можноста војната меѓу Русија и Украина да заврши за 24 часа биле „малку саркастични“. Ова го истакна за време на интервју за „Full Measure“, додека неговата администрација се труди да најде решение 54 дена во неговиот втор мандат, според порталот „Local10“.

– Изјавата ја дадов со доза на сарказам. Но, она што навистина сакав да го пренесам е мојата решеност да го решам конфликтот и верувам дека можам да успеам“, рече Трамп.

Во мај 2023 година, во интервју за Си-Ен-Ен, Трамп изјави: „Луѓето умираат, и Руси и Украинци. Сакам да го прекинам тоа. И ќе го завршам – ќе го завршам за 24 часа“.

Неговиот специјален пратеник, Стив Виткоф, оваа недела беше во Москва за дискусии околу американскиот предлог за прекин на огнот, кој Украина го прифати.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.