Саркози и неговата сопруга ги поканија на вечера Дејвид и Викторија Бекам

Поранешниот француски претседател Николас Саркози и неговата сопруга, моделот и актерка Карла Бруни-Саркози ги поканија на вечера новото засилување на Париз Сен Жермен, поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Дејвид Бекам и неговата сопруга, поранешен членка на бендот Spice Girls, Викторија Бекам, пишува во четвртокот францускиот неделник Valeurs actuelles.

 
Саркози и Бекам се сретнале во просторот за соблекувалните на ПСЖ на 24-ти февруари, пред натпреварот со главниот конкурент на парискиот клуб – Марсеј.
„Маж во темносив костум, со бела кошула и внимателно средена тридневна брада. Освен знакот на голем мајсторот на Редот на Легијата на честа (со кој се одликува шеф на државата), ништо не напомнуваше дека тој само до пред неколку месеци беше претседател на Републиката”, го опишува Николас Саркози авторот на текстот во парискиот неделник.
Според него, поранешниот шеф на државата – долгогодишен обожавател на ПСЖ – ентузијастички на англиски јазик позборувал за фудбалот со најновата ѕвезда на клубот. „Знаете, јас сум веќе на 58 години, но јас не можев ни да сонувам дека ќе видам како Бекам игра со (Златан) Ибрахимовиќ во францускиот шампионат”, рекол Саркози.
Тој, исто така, разменил неколку зборови со сопругата на фудбалерот и неговите родители. На крајот, кога дошло време играчите да излезат на тревникот, поранешниот претседател го поканил Бекам: „Би сакале ли да дојдете кај нас на вечера?”, на што фудбалерот потврдно одговорил.
Настанот се одиграл на славниот париски стадион „Паркот на принцовите”, пред дебито на Дејвид Бекам за ПСЖ, меч што заврши со победа на домаќините од 2:0. Благодарејќи на оваа победа, парижаните избија сами на врвот од најсилната француска фудбалска лига со 54 бодови.
Makфакс
Поранешниот француски претседател Николас Саркози и неговата сопруга, моделот и актерка Карла

Пронајдете не на следниве мрежи: