Маж од Руската Република Башкирија го изел срцето на пензионер кој претходно го убил со секира на сред улица!Телеграмскиот канал MASH наведува дека мажот (47) при сослушувањето се повикувал на темни сили. Тој, наводно, им признал на инспекторите дека „склучил договор со ѓаволот“ откако дознал дека има проблеми со срцето и дека мора да убие некого.Според истрагата, маж пијан влегол во станот на пензионер (65), кого неколку пати го удрил со секира, по што му го извадил срцето и излегол на улица. Потоа, според неофицијални информации од медиумите, тој почнал да го јаде срцето пред граѓаните собрани на станицата за јавен превоз.Полицијата веднаш го привела.Грозоморното злосторство се случило на крајот на февруари во руската република Башкирија.Информацијата за кривичното дело ја потврдија од регионалниот истражен комитет, додека осомничениот го признал убиството на третиот ден од апсењето .Многу корисници на социјалните мрежи сугерираат дека напаѓачот е мигрант кој решил на овој начин да ја избегне казната, додека други тврдат дека монструмот е локален жител кој живее во Башкирија неколку децении.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.