Сатурн, планетата на одговорноста и кармата, влегува во Овен на 14 февруари, каде што ќе остане до 2028 година. Циклусот на Сатурн во Овен најмногу ќе влијае на Овен, Вага, Рак и Јарец.
Влегувањето на Сатурн во знакот Овен во астрологијата често се толкува како почеток на период кој нагласува дисциплина, одговорност и потреба од зрел пристап кон личните цели, но преку енергија која е брза и директна.
Притисок да се започне нешто ново
Сатурн е планета на структурата, границите и лекциите, додека Овенот е знак на акција, храброст и започнување на нови циклуси, па затоа нивната комбинација може да донесе чувство на притисок да се започне нешто сериозно и без одложување.
Луѓето може да имаат впечаток дека е потребно повеќе трпение при донесувањето одлуки, но исто така дека е време да ја преземат контролата врз сопствениот пат, дури и ако тоа значи соочување со стравови или пречки.
Сатурн ги наградува напорите
Овој транзит често поттикнува градење на самодоверба преку работа и искуство, нè учи како мудро да ја насочуваме енергијата, наместо импулсивно, и ја нагласува важноста на личната одговорност и постепениот напредок.
Сатурн секогаш наградува труд, но не препознава „лесни успеси“ .
The post Сатурн утре влегува во Овен: Точката од која нема враќање – 4 знаци се на тест до 2028 година appeared first on Во Центар.



