Саша Ковачевиќ со својот брат Раде и својата екипа се упатил кон Домениканска Република за да сними спот.
„Саша на аеродромот во Њујорк го уапси полиција. Дојде до некаква забуна, па го отстранија од редовниот лет и го однесоа во посебна просторија и го задржаа неколку часа, точно за да му пропадне летот – рекол извор, пренесуваат српските медиуми.
– Воопшто не му беше сеедно. Ги прашал зошто го држат и проверуваат, а одговорот бил дека тоа е рутински дел од контролата и дека се заострени безбедносните мерки. Набргу, полицијата му ги врати документите и соопшти дека е се во ред и дека можат да го продолжат патувањето – додал изворот.