Српскиот пејач и женскиот срце-кршач, Саша Ковачевиќ пред две години во еден од најелитните делови во Белград отвори ресторан за кој имаше само позитивни реакции.
Меѓутоа, поради пандемијата, тој како и сите останати во овој сектор мораше да направи пауза и да го затвори ресторанот.
Но по 2 месеци пауза, Ковачевиќ повторно го отвори „Ритуал“.
Имено, како што кажа пејачот за српските медиуми, не сакал да прави спектакл околу повторното отварање на ресторанот и дека сакал да биде скромно.
Но, овој пат Ковачевиќ и неговиот ресторан беа во втор план, во прв план беше малата Искра, ќерката на неговата девојка, Зорана Тасовиќ.
Ковачевиќ и малата Искра која беше „ѕвездата“ на вечерта, не престануваа да се смеат и да се гушкаат, што мора да признаеме ги освои нашите срца. Очигледно двајцата одлично се сложуваат.