Познатиот македонски актер, Сашко Коцев вчера учествувал во инцидент кој се случил додека кон хотелот Мериот се упатувала црковна делегација каде се одржа средбата помеѓу српскиот патријарх, Порфирије и македонскиот поглавар г.г. Стефан.
Имено Коцев со својот автомобил прегазил полицаец за време на вршење службена должност кој го обезбедувал настанот кој требало да се одржи во хотел Мериот.
Очевидци на настанот тврдат дека Коцев се однесувал многу чудно и делувал како да не размислува трезвено. Актерот одбил да постапи по наредба на полицијата која му наредила да го запре возилото додека делегацијата со странски претставници успешно не влезат во хотелот Мериот каде се одржувал настанот на кој присуствувале ВИП лица.
Коцев најпрво почнал со повишен тон да се обраќа кон полицаецот за потоа да почне и да го навредува, целата состојба ескалирала по што актерот го прегазил полицаецот кој бил на должност.
Очевидецот кој присуствувал на настанот бил фрапиран од односот на актерот кон полицаецот, но и од постапката да со својот автомобил тргне на полицискиот службеник.
Наши извори говорат дека настанот е заведен во ПС Центар, а за истиот постојат голем број сведоци како и безбедносни камери кои го снимиле настанот.
Полицаецот по нападот се стекнал со телесни повреди за кои постои и соодветна медицинска документација.
Според информациите на Инфомакс ова не е изолиран ваков инцидент во кој учествувал Коцев. Кога пајак го кревал возилото на Коцев, актерот исто така удрил во полицаец со својот возило. Во друг случај кога бил казнет од полицијата затоа што не носел кацига ги колнел полицајците велејќи им „парите за свеќи да ги дадат“.
Истиот повеќе пати бил спасен од висок полициски службеник за претходните инциденти, но по вчерашниот функционерот кој се обидел да го заштити бил неуспешен во својат намера.
Настанот го потврди и МВР.
-На 27.01.2025 околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.