Сашо Мијалков побарал да му биде вратен пасошот

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков бара судот да му го врати пасошот за да оди да се лекува во странство, дознава “Независен“. Тој во СЈО доставил обемна медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот “Титаник 2“.
Мијалков требало да направи операција на хранопроводот, за што имал и документ од Клинички центар дека не се врши во Македонија туку само во странство.
СЈО, односно обвинителката Фатиме Фетаи која го води случајот, проценила дека Мијалков нема доволно аргументи за да му биде вратен пасошот.
Од Кривичниот суд потврдија дека Мијалков месецов поднел барање да му се врати пасошот, но последната одлука треба да ја донесе Кривичниот совет на Судот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.