Сашо Мијалков призна вина за ИМПЕРИЈА, доби 3 години затвор и треба да плати 36 милиони евра

Се е лесно кога имаш пари. Сашо Мијалков постигнал спогодба со обвинителството и признал вина за големиот предмет на поранешното СЈО „Империја“ во кој се товареше за злоупотреба на пари и службена должност.

Сашо Мијалков призна вина за ИМПЕРИЈА, доби 3 години затвор и треба да плати 36 милиони евра

Истрагата „Империја“ беше отворена во 2018 за кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Бизнисменот Камчев и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков беа првоосомничени, а осомничени се уште 11 други лица, меѓу кои и газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески.

Сашо Мијалков ќе плати 6 милиони евра од хотелот Мериот во строгиот центар на Скопје. И исто така ќе ќе му биде одземен имот, од веќе замрзнатиот, во вредност од околу 30 милиони евра, меѓу кој има деловен простор, станови, апартмани, гаражи и друго. Дали е ова добра или лоша спогодба проценете сами.

Едногодишна казна затвор веќе издржува Орце Камчев, но тој ја смени адресата и е во затвор во Струга. Тој претходно се договори да врати 5 милиони евра во државната каса. И по тој договор беше осуден на само 1 година затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.