Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда.
Статус на Сашо Тасевски посветен на циркусот со купување лајкови за да се биде МАЖ НА ГОДИНАТА: ❌❌❌
,,Па еве да му изразам сочувство на Митко Јанчев шо не стана маж на годината и само да го прашам: Зошто бе брат на толку пари се замараш дали некој ќе те избере за маж на годината?
Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние кои се номинирани.
Отец Оливер Петровски е познат хуманитарец кој раководи со хуманитарната организација „Свети Спас“ кој изминатите години преку својата организација успеа да направи среќни голем број на луѓе на кои им е навистина потребна помош, а не можат да си ја дозволат.
Овогодинешното 5-то јубилејно издание на изборот на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин ќе се одржи на 30.11.2022 година во Doubletree by Hilton Skopje и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2022 година.
Генерален спонзор на овогодинешниот избор на „Мажи на Годината 2022“ е компанијата Casinos Austria International Macedonia, и останатите спонзори DoubleTree by Hilton -Skopje, Бадел -Antique Pelinkovac, Пакомак, Орбико и парфимериите Fabu, Пивара-Скопје, Империјал Тобако, Авант Кар Македонија, Tikves и други.
По овој повод, актерот и шоумен Сашо Тасевски се огласи на својот фејсбук профил.
,,Па еве да му изразам сочувство на Митко Јанчев шо не стана маж на годината и само да го прашам: Зошто бе брат на толку пари се замараш дали некој ќе те избере за маж на годината?
Извини вака ама не разбирам.
Ако можеш објасни ми. Просветли ме.
На толку пари ко тебе да имам, знаеш каков маж ќе бидам и пет пари нема да дадам за некој да ме кандидира за таква глупост. Па уште да плаќам да победам?
Ај чао.
Како бе на такви господ им дава да им се прелева. Џабе имате толку пари, за жалење сте.” – напиша Тасевски на својот ,,Фејсбук” профил