Порано, раните осумдесетти кај педагошка имаше студентски бараки, а во нив студенти од Африка, Азија, Блискиот Исток… Од НЕВРЗАНИТЕ…
Ни поминуваа низ маало кон автобуската станица. Понекогаш ни се придружуваа во играњето фудбал.
Имаше двајца од,Палестина, од Газа, едниот се викаше Рафа или Руфи, не се сеќавам. Зборуваше македонски. Студираше медицина. Седеше со нас, не частеше лимонада или сладолед по фудбалот.
- (Фото) ИДНИОТ СЕ СРЕТНА СО СЕГАШНИОТ; Бајден му вети „мирна транзиција“ на Трамп
- Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на Скопје
- Борел: Сакаме војната во Украина да заврши што е можно поскоро
- Внуката на Трамп објави фотографија од својот дедо од приватна архива: Сите се шокирани како изгледа новиот претседател на Америка без шминка (ФОТО)
- Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на Сицилија
Сакаше побрзо да дипломира и да се врати во Газа. Да го лечи и спасува неговиот народ. Беше многу благодарен на Македонија, Југославија и Тито, што ја разбираат борбата на Палестинците и му дале шанса да се школува, да добива и некоја стипендија.
Зборуваше за окупацијата, за тоа дека има загубено 16 блиски и далечни роднини во нападите или борбите против Израел.
Браќа, сестри, мајка… братучеди… бевме деца и тоа ни се чинеше нестварно, дека некаде се случува додека ние живеевме безгрижно детство.
Денес во Газа е истата приказна. Рафа можеби уште спасува луѓе во болницата во Газа ако е жив. Кај нас одамна не студираат странци. Немаат каде и немаат зошто. Тоа е стварноста. Но она што денес ми изгледа нестварно е како тие жртви на Палестинците се невидливи за цивилизираните ЕУ која се дави во човекови права и душа дава за толеранција на ЛГБТ и сличните. Ниту збор за стотината деца кои татковците деновиве ги извлекуваа од урнатините во Газа.
Дава едноминутно молчење за загинатите во Израел, но ниту секунда за трагедијата во Газа.
За комплетната блокада за вода, храна и лекови. За ужасот на ранетите палестински деца на кои им ампутираат раце или нозе без анестезија, зашто ја нема, а мора да ги спасат.
Ние го прегрнавме токму тој варварски, садистички лицемерен свет, кој секогаш мери со два аршини. И затоа станавме ко него.
Рафа, веројатно не се сеќава на мене, ако е жив, ама сигурно се сеќава на една група деца со кои играл фудбал и ги честел сладолед додека студирал и живеел меѓу туѓ народ што ја разбирал неговата лична и национална трагедија.
Најлудо би било, некако да го прочита ова и да добијам порака од некој непознат побелен старец: HI, I am Raffa… А може ќе ми пише на македонски, ако не заборавил по 40 години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.