Латас бе, ти барам требаше да знаеш дека некои работи што си ги сторил во животот, не се кажуваат. Секој човек има такви.
Направил нешто од што се срами и ќути за тоа.
Ти брате се фалиш со нешто од кое треба да се срамиш.
Тоа не е нормално само по себе. Зборува многу за тебе.
За твојата нарцисоидност и за нешто пострашно.
И мене првиот секс ми беше со Божана. Мечката од Топаана која играше на дајре. Ама јас не се фалам со тоа, иако Божана од тогаш до ден денес, секое сабајле мед ми носи. Зајко ми ја намести, али не ја шамараше за да легне со мене, колку што знам. Она мислам сама му рекла, зајко, мести ми го глумецов. Младост лудост.
Али пак ми е срам и јавно не се фалам со ова каков јебо сум. Башка Божана може да ми се налути и после нема мед.
Латас бе, која ти е потребата често да се докажуваш каков јебо си со разни сексуални алузии. Па уште со ваква тешка траума на некое девојче во фиќо… пред 50 години. Човече не си у пубертет, туку у треќе доба.
Имаш ќерка и син, а може имаш внучиња. Ја не би им се појавил пред очи од срам. Тешко на нив со тебе.
А за тој јутјуберот или инфлуенсерот или како и да ги викате тие модерни матрикс ретарди, што да се каже?
Таквите да се нормални у глаата ќе го употребат медиумот за нешто паметно, ќе отвори интригантни теми со духовити прашања, од кои ќе се научи нешто. Нема да го викне Латас да збори како имал секс со тепана девојка во фиќо и притоа да се смее на јуначките подвизи на Латас во фиќото.
Тоа исто не го прави нормален човек со здрава психа. Тоа е исто турбофолк. И нарцисоидност до таван.
Чии пример си ти бе, без грам срам у тоа тиквата. Слушам многу млади те следеле. Тебе те следат??? Тешко и на нив. Фала богу што ние у младоста имавме кого да следиме, а не ретарди.
Нормален, не го прави тоа бе дечко, инфлуенсеру или како и да те викаат. Тибам глупиот. За пари и кликови од јутјуб и родената сестра ќе си ја продадете за секс у фиќо.
Иако денес не останаа многу фиќовци ама ме капирате нели?
Џабе ти е правдање. Твоето кезење од душа на подвизите на Латас се кажа за тебе. Дури и повеќе.
Исто и ти турбофолк јутјуберче треба да се засрамиш и да го затвориш каналот. Продавај депилатори на инстаграм или држи часови зумба и ќути.
(фејсбук статус на Сашо Тасевски)
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.