Опа, сега дојдовме до казни за неносење маски откако ќе ве сликаат.
Багро сталинистичка, дали тоа значи дека ќе ги куражите граѓаните да се сликаат едни со други и да се кодошат по мреживе. Оти кон тоа води ова вашево. Може и роднини да почнат да се кодошат кој носи, а кој не носи маска.
Ко оној пионер Павлик Морозов во време на СТАЛИН што го накодоши татко му за предавство, кој потоа беше невин осуден и убиен од садистите на Берија. Додуша после и малиот пионер беше убиен од братот и таткото на неговиот татко. Сите роднини дале согласност за тоа, ако бил дете. Ова е вистински настан.
Па дури и вашите полицајчиња да сликаат луѓе по улици и под закана е надвор од умот.
Има големи дилеми кој и дали треба да носи маска. Ваш лекар, епидемиологот Микиќ, инаку мој школски, на тв јавно кажа дека глупо е здрав човек да носи маска.
На својот народ му се поганите на глава.
Засрамете се.
А вие народе, ќутете си и понатаму. Толку не гледате што прават? Сите ги олабавуваат мерките во регионов, они ги стегаат. Ако. Нека ве прцаат ко сте кротки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.