петок, 27 ноември 2026
Најново

Сашо Тасевски реагираше за намалувањето на затворската казна на возачот од Велес кој усмрти девојче и побегна од местото на злосторот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пијан со мерцедес, со 120 км на саат, удира во Магдалена 11 годишна и бега од местото на несреќата. Ја убил.

Значи не бил доволно пијан да не знае шо направил. Избегал без да се обиде да и помогне, што му е должност. Ко двапати да ја убил.

Само 8 години затвор?

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Па тој ќе излезе за пет. Може и за помалку.

Магдалена дали ќе излезе од онаму каде што е?

Дали било кој од нејзините блиски ќе излезе од таму? Пошо и они ко да се умрени сега.

Тоа е убиство од небрежност.

Во Скопје се тркаат дење и ноќе по партизанска, по 8 септември.

Пешачки, црвено?

Нема тоа за нив.

Сега и овие со електричните тротинети станаа опасни по живот. И по својот и по туѓите.

Има патека тој вози ноќе без светла по пешачката. А по неа деца, мајки со колички, таа будалата на тротинет шиба, бесшумно. Додека не убијат некого. Тогаш ќе ви текне да ги регулирате. Не знаеш веќе што ќе те удри надвор. Кола, точак или будала на електричен тротинет

Ебаве башибозукот од држава.

Поврзани вести